Јужна Кореја за сестрата на севернокорејскиот лидер потроши 223.250 долари

Сподели со своите пријатели

Тридневната посета на Ким Јо-џонг сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, Јужна Кореја ја чини 240 милиони вони (околу 223.250 долари), изјави неименуван претставник на јужнокорејското Министерство за национално обединување.

Поголемиот дел од сумата биле потрошени за престојот, транспортот и храната на четирчлената делегација од Северна Кореја и 18 лица од придружбата. Ким Јо-џонг и другите официјални лица биле сместени во хотел со пет ѕвезди во Сеул и патувале до спортските објекти, а се хранеле во ексклузивни ресторани.

Меѓународниот олимписки комитет платил околу 50.000 долари за тренинзите на 22 олимпијци од Северна Кореја односно просечно по 2.300 долари по спортист. Многу поголема сума е потрошена за престојот на севернокорејската делегација составена од 229 мажоретки и 137 членови на оркестарот. /МИА

Leave a Reply