Јужна Кореја: Пјонгјанг сакаат да разговараат со Вашингтон

Сподели со своите пријатели

Јужна Кореја соопшти дека Пјонгјанг има желба за разговор со Вашингтон.

Та аобјава следува по средбата на потпретседателот на владејачката севернокорејска партија Ким Јон Чол со јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин, пред церемонијата за затварање на Зимските олимписки игри во Пјончанг, наведува ВВС.

Канцеларијата на јужнокорејскиот претседател наведува дека Северна Кореја има сериозна намера да разговара со САД, наведува АП.

Делегацијата на Северна Кореја се сложила дека односите на двете Кореи и односи на Пјонгјанг и Вашингтон треба да бидат заедно унапредени, наведува канцеларијата на Мун Џае Ин.

На завршната церемонија присуствувала дека и шефицата на американската делегација, ќерката и советничка на претседателот на САД Доналд Трамп, Иванка, која седеше покрај Ким Јонг Чол, но американските службеници ја исклучиле можноста за состанок со делегацијата на Северна Кореја.

Leave a Reply