Јужна Кореја ја прекинува традицијата за јадење кучиња

Сподели со своите пријатели

Јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин повика да се забрани потрошувачката на кучешко месо во неговата земја, што е традиција таму, а предизвикува бес во светот.

Loading...

Кучешкото месо е традиционален дел од јужнокорејската кујна и се верува дека годишно таму се јадат милион кучиња.

Меѓутоа, потрошувачката се намалува бидејќи повеќе луѓе ги прифаќаат кучињата како свое друштво, а не како „стока“.

Меѓу помладите генерации, јадењето кучиња е речиси табу, а притисокот на друштвата за заштита на животните расте.

 

 

„Дали не е време да се разгледа забрана за консумирање месо од кучиња“, му рече Мун на својот премиер, Ким Бу-киум, за време на редовниот неделен состанок.

Loading...

Мун сака кучиња и има неколку во претседателската резиденција, вклучително и мелез што го спаси од азил.

Тоа е првото посвоено куче во историјата на Сината куќа, како што се нарекува резиденцијата на претседателите на Јужна Кореја.

Јужна Кореја има закон против суровост кон животните, но тоа се однесува на начинот на нивното убивање, а не на самата потрошувачка.