Јужна Кореја и САД одржаа воздушни воени вежби

Сподели со своите пријатели

Јужнокорејски и американски воени авиони денеска одржаа воени вежби за бомбардирање како одговор на севернокорејското лансирање на балистичка ракета над Јапонија, соопшти војската на Јужна Кореја, пренесе Ројтерс.

Loading...

Северна Кореја утринава истрела балистичка ракета над Јапонија за прв пат по пет години, што предизвика предупредување до населението на северот на таа земја да се засолни и привремено да го прекине железничкиот сообраќај.

Ракетата поминала над јапонска територија и паднала во Тихиот Океан.

Тоа беше прв пат од 2017 година проектил да биде истрелан во таа насока, а Јапонија рече дека тоа е веројатно најдолгата далечина што некогаш ја поминала севернокорејската ракета на 4.600 километри.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вештачката интелигенција се заканува на осум милиони работни места во Британија

Ова најново лансирање е петто во последните 10 дена.