Јужна Кореја: Десет лица загинаа во тајфун

Сподели со своите пријатели

Десет лица загинаа во налетот на тајфунот што го погоди јужниот брег на Јужна Кореја, локалните власти утринава објавија нов биланс на жртви.

Loading...

Тајфун придружен со обилни врнежи ја погоди Јужна Кореја на почетокот на неделата. Се верува дека тоа е најсилниот тајфун што ја погодил земјата во последните децении.

Повеќе од 4.700 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови.

Тајфунот уништи околу 12.000 куќи и згради.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Два милиони луѓе без струја во Флорида

Речиси 90.000 домови останаа без струја низ целата земја. Иако тајфунот помина, многу домови сè уште се без електрична енергија, соопштија властите.

Јужнокорејските власти затворија повеќе од 600 училишта низ земјата како мерка на претпазливост пред тајфунот, а локалните авиокомпании откажаа околу 250 домашни летови.