Јужна Кореја ѝ понуди помош на Северна Кореја против епидемијата на Ковид

Сподели со своите пријатели

Министерството за обединување на Јужна Кореја понудило разговори на работно ниво со Северна Кореја за поддршка на Пјонгјанг, кој се бори против првиот бран на епидемијата на коронавирус, соопшти денеска Министерството во Сеул.

Loading...

 

Шангај се враќа во нормален живот

 

Министерството задолжено за одржување на односите меѓу двете земји соопшти дека изразило подготвеност да обезбеди лекови, вакцини и комплети за тестирање, како и техничка соработка врз основа на искуството на Јужна Кореја со карантинот, објави Ројтерс.

 

Северна Кореја: Заразени 1,2 милиони луѓе, војската се вклучува во справувањето

 

Loading...

Во Северна Кореја се шири епидемија на коронавирус, бидејќи во последните 24 часа се пријавени осум нови смртни случаи и уште 392.920 лица со симптоми на треска, а пријавени се вкупно 50 смртни случаи.