Јувентус останува без десен бек, Алвеш си заминува

Сподели со своите пријатели

Италијанскиот шампион Јувентус го отпушти Бразилскиот репрезентативец Дани Алвеш.

Желбата на десниот бек да го напушти Торино и својата кариера да ја продолжи во Манчестер Сити се исполни.

Алвеш во Јувентус пристигна минатото лето како слободен играч од Барселона , со “Старата дама ” го освои Купот на Италија и Серија А, играше финале во Лига на шампиони. Тој во дресот на Јувентус постигна шест гола и многу асистенции на 33 натпервари.

Дани Алвеш сега во Манчестер Сити повторно ќе соработува со својот поранешен тренер од Барселона, Пеп Гвардиола.

Пишува: Стефан Младеновски