Јутубер обвинет дека намерно урнал авион поради популарност (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Јутјубер и поранешен олимписки сноубордер беа обвинети дека намерно го урнале нивниот авион поради видео, а сега Федералната управа за авијација на САД (ФАА) отвори истрага.

Loading...

Тревор Џејкоб беше критикуван на интернет откако објави видео на Јутјуб каде скока со падобран од авионот на Тејлокрафт БЛ64 и го сними како паѓа во ридовите на Националната шума Лос Падрес во близина на Кујама, Калифорнија.

Јутјубер планирал да лета од Санта Барбара до езерата Мамут, за таму да лета со параглајдер и сноуборд, а наводно планирал да ја попрска пепелта на својот пријател кој починал неколку години претходно во текот на летото. Џејкоб потоа го спушта авионот, испраќајќи го директно во земјата.

Во меѓувреме, тој скокнал од авионот, додека тргнал подготвен и со падобран.

На Јутјуб е објавено видео од инцидентот каде тој веднаш почнал да собира критики. Воздухопловните ентузијасти не губат време да ги побијат тврдењата на Џејкоб. Видеото за кратко време имаше повеќе од 5.000 коментари. Сепак, оттогаш се исклучени коментари, но тоа не ги спречи луѓето да направат свои видеа во кои посочуваат абнормалности во оригиналното видео на Џејкоб.

По многу тврдења на интернет интервенираше американската Федерална авијациска управа која сега го истражува овој Јутјубер.

Познато е дека ФАА е темелна кога станува збор за вакви истраги, и често е потребна една година или повеќе за да се направи целосен извештај.

Останува да видиме дали Џејкоб ќе одговара за несреќата, или ќе му биде одземена пилотската дозвола.

Loading...