Југословенскиот брутализам го привлекува вниманието на странците

Сподели со своите пријатели

Новинската агенција Ројтерс денес објави приказна за југословенската архитектура од социјалистичка ера, олицетворена во стил познат како брутализам, што повторно предизвикува интерес, особено кај странските туристи.

Loading...

Како еден од најзначајните примери на брутализмот, архитектонски стил популарен во 1950-тите и 1960-тите години, заснован на груб бетон во форма на блок, агенцијата укажува на кулата „Генекс“, која, како што наведува, „не можете да ја промашите на патот од белградскиот аеродром“ Никола Тесла „до центарот на Белград“.

Автомобилот симбол на Југославија наполни 48 години

Двете бетонски згради, поврзани со мост, со долг затворен ротирачки ресторан што наликуваат на вселенска капсула на врвот, се толку необична глетка, што зградата од 1977 година стана магнет за туристите, и покрај долгогодишната негрижа за неа, пренесува Ројтерс.

Агенцијата додава дека брутализмот бил популарен во целиот Источен блок, но дека поранешната Југославија го присвоила, придржувајќи се кон него за да го изгради својот визуелен идентитет, распната меѓу Истокот и Западот.

Најголемата опасност за САД некогаш пристигнувала од Југославија

Интересот за овој стил расте, особено по изложбата во музејот за модерна уметност во Њујорк 2018 со наслов „Бетонска утопија: Архитектура во Југославија 1948-1980“.

Директорот на туристичката агенција „Југотур“ Војин Мунчин вели дека секоја недела десетици луѓе сакаат да ги посетат зградите во Белград изградени меѓу 1950-тите и 1980-тите, а кулата „Генекс“ е најинтересна.

Loading...

„Луѓето ја гледаат на пат од аеродромот и таа веднаш привлекува внимание“, вели Мунчин, чија агенција носи туристи на турнеја низ српскиот главен град во југо, некогаш најраспространетиот автомобил во Југославија.

Мистеријата за смртта на ТИТО: Цела Југославија во тага, но тој не починал на 4 мај?

Денес еден од столбовите на кулата е празен, додека другиот служи како станбена зграда, а ротирачкиот ресторан е затворен во 90-тите години.

Поради голем интерес, градските власти сега размислуваат да ги отворат јавните делови на уште едно ремек дело на југословенскиот брутализам, зградата на владата, Палатата на Србија, која во моментов е отворена за посетители еднаш годишно.

Палата Србија има угостено голем број светски лидери, како што се поранешните американски претседатели Ричард Никсон и Џералд Форд и руските лидери Никита Хрушчов и Леонид Брежњев.

Секоја од поранешните југословенски републики имаше свој салон во палатата, со централната просторија „Сала Југославија“.

Како ќе изгледаше Југославија доколку се оствареше планот на Тито?

Мебелот и теписите се правени по нарачка, а на sидовите може да се видат слики и мозаици од некои од најпочитуваните уметници.

Loading...

Екстериерот на зградата е од бетон, но ентериерот е од мермер.

Централниот дел е окупиран од кристален лустер, со тежина од повеќе од девет тони, што виси под купола висока 19 метри.

„Срамно е да се задржи таквото ремек дело надвор од очите на јавноста“, рече Сандра Весиќ Тесла, кустос на зградата.

Други примери на југословенски брутализам вклучуваат монументални споменици за одбележување на борбата на партизаните на Тито против фашизмот, честопати подигната на драматични рурални места.

45% од Македонците „тагуваат“ по Југославија

Многу од овие дела се запоставени, како што е случајот со споменикот на востанието против фашизмот на Петрова Гора во Хрватска.

Сепак, меморијалниот центар во Тонтисти, посветен на 7.000 луѓе убиени од нацистите, беше реновиран минатата година, потсетува Ројтерс.

Миодраг Живковиќ, 91-годишен скулптор кој го изградил споменикот долг 19 метри во Тјетиште, беше меѓу првите уметници во поранешна Југославија кои употребија бетон.

Loading...

„Тоа е стабилен материјал кој изгледа како камен, но полесно е да се работи со него. За секој проект во тоа време, се одржуваше натпревар на кој можеа да се јават уметници од целата земја, а конкуренцијата донесе квалитет“, рече Живковиќ.

Како изгледаа безгрижните летувања во поранешна Југославија? (галерија)

По Втората светска војна, социјалистичка Југославија, предводена од Јосиф Броз Тито, беше решена да ја обнови земјата уништена во борбите, а насекаде низ целата земја никнуваа станбени блокови, хотели, граѓански центри и споменици, сите изградени од бетон.

Архитектурата требаше да ја покаже силата на една држава која, меѓу два света – западна демократија и комунистичкиот исток, се обидува да изгради свој пат и да создаде социјалистичка утопија, пренесува Ројтерс.

Сепак, по смртта на Тито во 1980 година и економската криза што следуваше, новите елити почнаа да се дистанцираат од социјалистичкиот режим, вклучувајќи ја и неговата архитектура.

Како конечно исчезна името Југославија?

Loading...

„Помина многу време од распадот на Југославија и луѓето почнаа да ја ценат архитектурата на поранешната држава“, вели Алан Браун, предавач на Архитектонскиот факултет во Загреб.

Тој потенцира дека стилот е единствен заради неговото видливо влијание од западот, што ја отсликува уникатната позиција на Југославија.

Leave a Reply