19.06.2019 13:33

ЈП „Куманово план“ ќе има 44 вработени, но нема да излегува на приватниот пазар


Јавното претпријатие „Куманово план“ кое со работа започна од почетокот на оваа година ќе има 44 вработени, согласно систематизацијата.

Како што појасни в.д. директорот Горан Митевски на денешната 28ма седница на Советот на Општина Куманово, 15 од вработените ќе бидат архитекти, 13 ќе бидат инжинери од повеќе струки, а ќе има и правници и ИТ техничари. Предвидено е 13 од вработените да бидат Албанци, еден од српска националност, а останатите да бидат Македонци.

loading...

Токму точките кои беа предвидени за работата на оваа ново јавно претпријатие денеска беа главна тема околу која се кршеа копјата меѓу опозицијата и в.д. директорот Митевски.

За опозицијата спорен беше правилникот за плата, која е составена од основна и исклучителна компонента. Спорна беше исклучителната компонента, затоа што опозицијата стравуваше од можни злоупотреби од идните раководители на оваа претпријатие, со оглед дека сите одговорности се во рацете на менаџерот.

– Прв пат гледам исклучителна компонента на плата и таму се вели додаток на плата заради прилагодување кон пазарот на трудот ќе врши директорот, ќе донесува одлука за додаток на плата, нашински кажано директорот ќе врши анализа на, како овдека пишува, ако шпазарот на трудот создаде услови за значително повисоки плати во приватниот сектор во споредба со јавниот сектор, директорот донесува одлука да обезбеди додаток на плата на тие административни работици. Колкав ќе е тој додаток веројатно ќе зависи од негова проценка. Следното ако случајно се случи напуштање на работата на некој вработен или ќе каже дека планира да напушти директорот со овој правилник има право да донесе одлука за додаток на плата, да го стимулира човекот да остане на работа, рече советникот на ГРОМ Зоран Петрушевски.

Според оваа исклучителна компонента, предвидено е ако пазарот на трудот нуди огрнаичен број инжинери за кои е заинтересиран и приватниот сектор, со поголема плата „Куманово план“ да ги стимулира да работат за нив.

Сепак в.д. директорот Горан Митевски беше дециден, злоупотреби нема да има.

– Законски ако не е во ред има кој да интервенира и да ве опомене секој кој ќе биде директор, ова што е ставено пред вас е во законот и законски нормативи, стандарди и прописи не одиме повеќе, ни помалку, да не ги обмануваме гледачите и советиците има материјал, има кој да контролира. Стојам зад овој правилник и мислам дека тука ништо не е лошо во однос на законски норми стандарди и правила и нема отстапување од она што е пропишано, рече Митевски.

Цените на услугите како што појасни Митевски се во согласност со Комората на овластени инжинери и архитекти и истиот е доставен до Министерството за транспорт и врски.

Што се однесува на прашањето дали јавното претпријатие ќе биде конкуренција на приватните претпријатија со иста или слична дејност, Митевски категорично рече дека нема да излегуваат на приватниот пазар, туку ќе ги вршат услуите на општината за кои таа ќе им исплаќа средства, како што тоа досега го правела кон приватните фирми.

loading...

Конечно по два часа дебата, се согласија сите дека на градот му се потребни промени и дека мора да се направи урбанистички план кој ќе го спаси Куманово од сообраќајниот и градежниот хаос.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments