ЈП „Чистота и зеленило“ започна со обновување на контејнерите (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

70 нови контејнери се набавени од страна на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ со цел да се заменат старите кои веќе се дотраени. Новата комунална опрема треба да даде нов лик на градот, а воедно како што велат надлежните многу се полесни за работа.

Новите контејнери се поставени во првата зона во Општина Куманово, а како што потенцираше директорот на ЈП „Чистота и зеленило“, Сашо Петрушевски се очекува уште една набавка на контејнери кои ќе бидат поставени во втората зона од градот.

– Сите оние проблеми кои се од таков карактер и вид и правеа проблеми во дел на изнесување и депонирање на смет еве го обезбедуваме со нови садови за смет каде што и во новите локации во изградба на нови станбени објекти и по потреба на граѓаните ќе излеземе во пресрет, ќе ги поставиме сите овие контејнери кои веќе во првата фаза се поставени, а втората ќе се поставува сукцесивно како ќе стигаат контејнерите, изјави директорот Петрушевски.

 

Loading...

 

Јавното претпријатие е извршител на замената на старата комунална опрема, а поставувањето е со одлука на Советот на Општина Куманово и инструкции од Секторот за урбанизам.

На градскиот плоштад се поставени и мали канти за отпадоци, заедно со новите клупи кои се дел од проектот за обнова на урбаната опрема.

– Во централното градско подрачје сведоци сме дека ни беа потребни такви клупи и мали кантички за отпад каде што граѓаните кои што координираат во овој дел на градот имаат таква потреба. Шест клупи се наместени на стариот новиот плоштад и на шеталиштето покрај плоштадот и 20 кантичиња со тоа не информираа од Општина Куманово дека набавката е за сто клупи и 80 кантичиња, значи како ќе се произведуваат и ќе стигаат така и јавното претпријатие кое е задолжено од страна на градоначалникот ќе ги постави на сите оние места каде што според проценка на стручни лица и според она што е потреба на граѓаните, додава Петрушевски.

Заедно со новата комунална опрема ќе бидат поставени и табли за опоменување на несовесните граѓани да не се уништуваат клупите и кантите за отпадоци, бидејќи во последниот период тоа е зачестена работа кај вандалите од кумановско.

Leave a Reply