ЈП „Чистота и зеленило” исчисти дива депонија во Куманово

Сподели со своите пријатели

Екипите на јавното претпријатие „Чистота и зеленило” Куманово ја исчистија дивата депонија создадена од несовесни граѓани во последниве два месеца на локалитетот Прмакови Ниви во близина на улицата „Доне Божинов”.

Loading...

Десет големи корпи со смет се изнесени од локација која се наоѓа под Спомен-костурницата.

Надлежните од претпријатието информираа  дека чистењето на депонијата се реализира надвор од годишната програма за одржување, а на барање на жителите од оваа населено место. Сметот е транспортиран до  депонијата „Краста”.

– Да се обидеме сите заедно да спречиме повторно создавање депонија на ова место, а доколку имате информации за несовесно однесување на граѓаните и имате слики и податоци можете да ги доставите до нас или до инспекциските служби, повикаа надлежните од „Чистота и зеленило”.

https://www.facebook.com/121219035193899/photos/pcb.322242198424914/322242141758253/?type=3&theater

Екипите на претпријатието продолжија и со акцијата за расчистување на урбаните средини. Викендов беше исчистен локалитет во населбата „Перо Чичо”, околу училиштето и амбуланатата. Екипите на претпријатието ги кастреа сувите гранки,  ги чистеа и метеа површините од смет. Еколошките акции во урбаните средини се спроведуваат според претходно утврден план. Наредната акција ќе се спроведе во урбаната заедница „Тоде Мендол”.

Leave a Reply