Јован и Мима од Куманово со одлична преработка на песната „Moon River“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Јован Цветковиќ и Мима Младеновска од Куманово се генерација млади музичари кои својот талент го претставија и преку преработката на песната „Moon River“ од Одри Хепберн.

Loading...

Цвековиќ е џез музичар, кој веќе три години свири на пијаво, а дел е од Музичката академија во Штип.

– Песната е кавер од филм, инаку еден спој на времето од шеесетите со модерен начин на интерпретација и импровизација во џез аранжман, вели Цветковиќ.

 

 

Мима е вокал и пее модерни жанрови веќе неколку години, како самостоен изведувач со гитара. Студен е на Машинскиот факултет во Скопје, каде го изучува индустрискиот дизајн.

Љубовта кон музиката ѝ се развила уште од најмала возраст. Преку песната и нотите таа го надградува својот креативен потенцијал. Сака да свири, да пее и да создава нови текстови и композиции.

Loading...

 

 

Видео записот е создаден во НУЦК „Трајко Прокопиев“ со помош на FIS Production, со видео и монтажа на Николај Павловски и Марко Јовановски, а во режија на Никица Јанковски.

 

Leave a Reply