Јавниот долг на Македонија изнесува 5,2 милијарди евра

Сподели со своите пријатели

Јавниот долг на Република Северна Македонија на крајот на 2018 година изнесува 5.202,2 милиони евра што претставува 48,5% во однос на БДП, заклучи владата на вчерашната седница..

Loading...

– Државниот долг на Република Северна Македонија на крајот на 2018 година изнесува 4.344,4 милиони евра односно 40,5% во однос на БДП. Со ова ниво на државен долг, Република Северна Македонија и понатаму останува умерено задолжена земја со државен долг кој е далеку понизок од просечното ниво на долг на земјите на ЕУ, кој на крајот на 2018 година изнесува 80,8% – велат од Владата.

Како што појаснуваат од Службата за односи со јавност на владата, годишниот извештај за управувањето со јавниот долг има за цел поблиску и на редовна основа да ги информира Владата и Собранието на Република Северна Македонија и да ја запознае јавноста со карактеристиките на должничкото портфолио на држава, како и со преземените мерки за негово ефикасно управување во текот на минатата година.

фото: Влада на РСМ

Leave a Reply