Јапонскиот премиер денеска пристигнува во Украина

Сподели со своите пријатели

Јапонскиот премиер Фумио Кишида во вторник во Киев ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски по повод ненајавена посета, соопшти јапонското Министерство за надворешни работи.

Loading...

Кишида „ќе му ја пренесе на претседателот Зеленски неговата почит за храброста и истрајноста на украинскиот народ во одбраната на својата земја под негово водство, како и солидарноста и цврстата поддршка на Јапонија и Г7 Украина“, бидејќи оваа година Јапонија ќе биде домаќин на состанокот на лидерите на седумте најразвиени земји во светот, се вели во соопштението за печатот на Министерството.

Јапонскиот премиер доаѓа во Украина од Индија, каде што се сретна со својот колега Нарендра Моди, објави јапонската радио и телевизија NHK.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Подољак: Залужни за неколку недели би можел да стане амбасадор во Лондон

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.