Јапонски град колевка на нинџите, има недостаток од нив

Сподели со своите пријатели

Можеби сте слушнале за демографската криза во Јапонија, но оваа земја се соочува со уште една, помалку позната – им недостасуваат нинџи.

Градот Ига, кој се наоѓа во централниот дел на земјата, се смета за колевка на нинџите, но во последно време пати од депопулација.

Секоја година градот од околу 100.000 жители, го посетваат 30.000 луѓе за време на фестивалот за нинџи.

– Ига се соочува со недостаток на оние клучни работи кои ни се потребни за одржување на привлечноста за економијата, работи кои треба да им се продадат на луѓето кои ги купуваат.

Овие Иранки се жени-нинџи: Тие се вешти, опасни и сигурни во себе (ВИДЕО)

Loading...

Овој град исто така губи млади луѓе кои не сакаат да живеат во рурални краеви. За да ја оживее локалната економија градоначалникот на Иге, Сакае Окамото промовира градско нинџа наследство со  цел привлекување на што поголем број туристи.

– Моментално во Ига работиме напорно за да што подобро го промовираме нинџа туризмот и на крајот добро да заработиме од сето тоа, рекол Окамото и додал дека фестивалот на нинџи се одржува во последните денови од април и неколку денови од почетокот на мај.

Како што вели, за време на тој период Ига ја посетуваат голем број туристи. Сите се облечени како нинџи и шетаат и уживаат сами, но Окамото истакнува дека тоа не е доволно.

Јапонија моментално доживува голем туристички бум. Светската туристичка организација на Обединетите нации проценува дека скоро 29 милиони туристи ја посетиле оваа земја во текот на 2017. година што е пораст од скоро 20 отсто во однос на мај 2016. година.

Додека некои градови имаат економско влијание на приливот на туристите, селски, како Ига, очигледно се изоставени, пренесува Бизнис инсајдер.

Во надеж дека ќе ги охрабрат туристите подолго од еден ден да останат во Ига, Окамото решил да го пресели градскиот совет и на тоа место да изгради уште еден музеј посветен на нинџите.

Меѓутоа, проектот се соочува со пречки. Поради тоа што се шири туристичката понуда, на Ига и се неопходни работници кои ќе живеат тука и ќе работат, а тоа значи дека освен градежници и планети, потребни се и нинџи, односно луѓе чии задачи ќе бидат да глумат нинџи.

Од друга страна, ќе биде тешко да се најдат работници, затоа што стапката на невработеност во Јапонија изнесува само 2,5 отсто.

– Нинџа не е наследна класа, а без тежок тренинг никој не може да стане нинџа. Поради тоа и тивко исчезнаа во историјата, рекол во 2008 година Сугако Накагава, кустотс на локалниот музеј за нинџи.

Денес работата на ниџна навистина има многу да понуди, а и платата е прилично кокурентна. Нинџа сега може да заработи од 23 до 85 илјади долари годишно.

Сепак, Окамото се соочува со уште еден проблем. Префектурата Мие, во која се наоѓа Ига, во целост минатата година привлекла само 43 млади жители, а само Ига ја напуштиле 1.000 жители.

Leave a Reply