Јапонците измислија паметна заштитна маска која преведува осум јазици

Сподели со своите пријатели

Јапонскиот стартап Donut Robotics измисли паметна маска среде пандемијата на коронавирус која помага и во комуникацијата и со социјалното дистанцирање.

Loading...

Паметната маска на C-Face може, во комбинација со апликацијата, да го зголеми обемот на гласот на корисникот и да го преведе говорот на осум различни јазици, пишува CNN.

Паметната маска има отвори на предната страна, така што не штити од Ковид-19 и треба да се носи преку стандардна заштитна маска. Изработена е од пластика и силикон, има вграден микрофон и може да се поврзе со паметен телефон преку Bluetooth.

Маската нуди можност да се преведе на осум јазици: кинески, корејски, виетнамски, индонезиски, англиски, шпански и француски, и обратно.

извор: локално.мк

Leave a Reply