Јадете лук? Еве осум начини за освежување на здивот по консумацијата

Сподели со своите пријатели

Уживајте во лукот колку и да сакате затоа што има одлични начини како да го неутрализирате непријатниот здив по неговото консумирање. Јадете ротквици, пијте зелен чај или јаболков оцет.

Loading...

Нане

Џвакајте свежи листови нане. Една студија покажала дека составот на сирови или печени јаболка, зелена салата или нане помага во освежувањето на здивот по кромидот и лукот. Освен тоа, нането може да потикне варење и да го смири желудникот.

Магдонос

 

 

Першунот одамна е познат како одлично средство за неутрализирање на непријатните мериси во устата. Се што треба да направите е да земете неколку ливчиња и добро да џвакате, така што сокот од магдоносок ќе биде низ целата усна празнина.

Loading...

Ротквици

Ротквиците имаат антибактериско дејство и од одамна се познати како одличен освежувач на здивот. А како што веќе доаѓа пролетната трпеза, можете да ги приуштите.

Пијте разреден јаболков оцет

Јаболковиот оцет содржи пектин кој го поддржува растот на добрите пактерии. Пиењето една до две лажици јаболков оцет разреден во чаша вода пред јадење на лукот ќе ви помогне во брзо испирање на неговите несакани ефекти. Исто така помага и при варењето. По јадењето можете да пиете уште поблаг раствор или да го држите во уста 10 до 15 секунди.

Лимон

 

 

Loading...

Лимонот ќе ве спаси од мирисот на луков на прстите, но и во устата. Тоа не значи дека треба да го триете јазикот со него, туку е доволно да направите посилна лимонада без шеќер и да ги исплакните устата. Во лимонадата е добро да изрендате и малку кора за да ефектот биде подобар.

Зелен чај

Зелениот чај е добар елиминатор на лошиот здив. Пијте го со мед и проблемот би требало да исчезне.

Сенф

Ќе го неутрализирате мирисот на лукот ако во устата ставите една лажица и ја држите околу минута. Исплукајте па повторете ја постапката, но овој пат сенфот проголтајте го. На крајот исплакнете ги устата со вода.

Млеко

 

Loading...

 

Исто така е познат како одличен неутрализатор на лошиот здив по јадењето лук. Би требало да го пиете во текот и по јадењето.

Исчистете го јазикот

Користете стругач за јазик кој ќе ви помогне да го отстраните белиот слој од јазикот. Исплакнете па повторете ја постапката се додека на стругачот нема видливи остатоци. Можете да користите секојдневно ваква метода или само по јадење кромид и лук.

Leave a Reply