15.04.2019 11:20

Јаболката во продавниците можат да бидат стари и 10 месеци, еве како да изберете најсвежи


Сигурно секој од вас купил овошје кое се расипало за ден-два, но јаболките ви изгледа дека траат вечно. Всушност во тоа е финтата.

Ова овошје може да изгледа многу здраво како да е штотуку набрано, а всушност било складирано година дена.

loading...

Имајќи предвид дека непрсканите јаболки можат да траат само неколку недели, се поставува прашањето со што се третираат овие намирници за да толку долго издржат.

– Покрај инсектициди и фунгициди, при одлгедувањето на јаболката се користат и некои други пестициди. Некои произведувачи додаваат и прехрамбен восок кој се состои од масни киселини и алкохол, објаснува АЛекс Формјузис, потпретседател на одборот за комуникација при работната група за екологија од САД.

При складирањето на јаболката, тие се премачкуваат со тој восок за да што подолго траат, затоа што има голем пат од произведувачот до потрошувачот, а не треба да се заборави транспортот. Проблемот е што некогаш овој восок содржи и фунгициди за да се обезбеди долготрајноста.

Произведувачите исто така го контролираат воздухот во складиштата за да намирниците подолго опстојат. На тој начин, јаболко набрано во септември, може да биде свежо и во август следната година.

Сепак, храната се проверува пред да дојде до потрошувачите, па тоа влева доверба меѓу конзументите.

Ако и натаму се сомневате во тоа дали јаболкото е свежо кога го купувате, тогаш задолжително проверете дали е масна. Протријте меѓу суви дланки и ако почувствувате тронка маснотија не ја купувајте.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments