Ја тера својата ќерка секојдневно да пешачи 8 километри до училиште, но со добра причина (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Еден татко од Охајо, САД, одлучил да ја казни својата ќерка (10) така што ја натерал секој ден да оди пеш до училиште минувајќи 8,5 километри.

Loading...

Причина? Девојчето е веќе казнето од училиштето поради врсничко насилство, односно, ја малтретирала својата другарка во училишниот автобус, па и е забрането да се вози со останатите ученици.

– Оваа прекрасна млада дама е мојата ќерка и оваа година веќе втор пат е исфрлена од училишниот авботус, поради малтретирање на ученици. Сакам да бидам јасен: наислството е апсолутно неприфатливо. Особено во мојата куќа. Кога дојде со казната рече: „Тато ќе мора да ме возиш во училиште следната недела“. Како што видите, сега сфаќа дека тоа нема да се случи. Многу деца во денешно време сметаат дека она што родителите го прават за нив е нивно право, а не привилегија. Како што возењето со автомобил или автобус до дома. Тоа е привилегија и така треба да биде третирана. Така да денес, мојата прекрасна ќерка ќе пешачи 8 километри по студот. ЗНам дека многумина од вас нема да се сложат со мојата мерка и тоа е во ред, затоа што го правам тоа што сметам дека е исправно, за да мојата ќерка ја научам на лекција и да ја спречам да биде насилник. Деца, ако го гледате ова, ве молам да сфатите колку насилството врз врсниците е неприфатливо и нема да биде толерирано. Се најдобро, рекол таткото кој ја направил снимката.

Leave a Reply