Ја срушил куќата и му ја однел на директорот на банка

Сподели со своите пријатели

Во бугарскиот град Тетевен, неодамна се случил несекојдневен настан, кога директор на банка категорично одговорил на локална фамилија дека отстапки не се дозволени во никој случај, и куќата во кое живее семејството ќе мора да биде одземена.

Loading...

Ниту одблиску, пишуваат бугарските медиуми, не може да се замисли како ли му било на човекот кога излегол од банка со таков одговор на директорот,  и  кога на цел глас викнал: “Зете , нема отстапки.  Истовари го камионот“ .

Зетот кој инаку бил возач на камионот, ја истоварил срушената куќата пред банка и засвирил на свирката како поздрав на директорот на банката која им го доделила хипотекарниот кредит.

За да ја сруши одземената куќа, несреќниот Бугарин ги дал последните пари, пишуваат бугарските медиуми. Поради немање средства за враќање на кредитот, семејството го изгубило правото на сопственост, а со одлука на банката, бил активиран и хипотекарниот кредит.

Земјиштето на кое била изградена куќата не било со вклучена хипотека, па фамилијата одлучила да ја сруши куќата и да ја предаде на банката во вид на градежен шут. Несреќната фамилија, во обид да ја одигра својата претстава докрај, одлучила по рушењето да отиде во банка и уште еднаш да замоли да не им ја одземаат куќата, барајќи од немилосрдрниот шеф уште еднаш да ја разгледа нивната хипотека, од каде добиле одговор дека банката нажалост не прави отстапки за ниту еден клиент.

Тогаш се случил преседан. Целата срушена куќа била истоварена пред вратите на банката во Тетевен.

 


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *