Ја шутнал топката во Шкотска – завршила во Норвешка (фото)

Сподели со своите пријатели

Фудбалска топка на еден мал клуб од Шкотска прелетала преку оградата при еден од тренинзите и завршила 1.800 километри подалеку – на северот на Норвешка.

Играчите на тимот „Banks o’ Dee“ од Абедин веќе се простиле од топката која паднала во близина на реката Ди, меѓутоа ги изненадил мејл од човек од Норвешка кој ја пронашол.

Поздрав! Вие дефинитивно имате еден од најдобрите изведувачи на слободни удари. Мојот пријател ја пронашол топката со името на вашиот клуб на крајбрежјето. Доста пропатувала. Ние сме одалечени 1.800 километри, северно од Абердин и се наоѓаме на островот Вана, 10 километри од Тромз, престолнината на северот на Норвешка. Топката е малку валката по долгиот пат, но целосно употреблива. Погледнете ја фотографијата – напишал поштениот пронаоѓач Џони Микалсен.

Нордиската сага на оваа топка на крајот завршила меѓу гранките кои брановите ги исфрлиле на брегот, за разлика од претходните кои никогаш не биле пронајдени откако влетувале во река.

Таа се уште не е вратена, но од клубот се надеваат дека ќе можат да ги угостат Норвежаните на еден од своите натпревари, пренесува ВВС.

 

Loading...