Ја шокираше планетата кога рече дека на 13 години станал татко, 10 години подоцна станал алкохоличар и хулиган (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Момчето, кое на 13-годишна возраст тврдеше дека е најмладиот татко во Велика Британија, прерасна во силеџија, кој денес избега од затворот.

Loading...

Алфи Патен своевремено изјави дека направил бебе за својата девојка Шантел Штедман, која се породила на 15-годишна возраст. Како и да е, ДНК-анализа открила дека таткото е, всушност, уште еден млад човек, на нејзина возраст.

Патен денес има 23 години, а тој се појави на суд откако пијан беснеел со кршење автомобили и имот.

Се дознава дека тој денес е невработен алкохоличар, живее со својата мајка и има долга историја на престапи.

24-месечна затворска казна виселае над главата, откако бил осуден на 14 јуни за кражба и поседување имитација на огнено оружје.

Хана Харли пред судот изјавила дека Патен пијан го удрил комбето и го оштетил, а потоа ја пробил оградата викајќи кон еден постар граѓанин.

На крајот му била одредена условна казна бидејќи одбраната тврди дека има проблем со алкохол.

Leave a Reply