Ја продала ќерката за 6.000 фунти, а потоа парите ги потрошила на козметика

Сподели со своите пријатели

Една мајка во Кина го продала своето детена трговци со луѓе, а веднаш потоа отишла во трговски центар каде пазарила мноштво козметички производи.

Младата мајка Ју од Кина го продала своето деветнаесетмесечно дете за 50.000 јуани (6.000 фунти) пред да отиде во трговскиот центар каде купувала козметика. Кинеските медиуми, Ју ја опишуваат како млада мајка, која е приведена заедно со двајцата купувачи под сомнение дека се го продала и тргувала со детето.

Ју во почетокот тврдела дека нејзината ќерка исчезнала на железничка станица, а пријавила наводен случај за исчезнување во полиција и тоа 20 часа подоцна.

Врз основа на истрагата, полицијата пронашла дека Ју добила 50.000 јуани на својата сметка во банка на ден кога нејзината ќерка „изчезнала“. Инспекторите веднаш се посомневале дека парите ги добила од луѓе кои тргуваат со деца.

Малолетничката проституција цути на Балканот: Тарифи од 10 до 2.000 евра!

Loading...

Како што пишува „People’s Daily Online“ оваа мајка на 20 мај патувала со нејзината ерка Хуаху од градот Џенгџоу до покраината Хенан. Кога стигнале на железничката станица пред пладне, ја продала ќерката на двајца мажи кои се занимаваат со трговија со луѓе, познати под името Веи и Ли.

Откако полицијата добила пријава за исчезнување на ќерката, тим инспектори заминал на железничката станица за да собере докази. Тие исто така ја погледнале снимката од безбедносните камери која ги снимала сите настани во последните 24 часа.

Секако, ја провериле и нејзината сметка во банка како и сите трансакции кога пронашле поголема сума на пари кои легнале на нејзината сметка истиот ден. Освен овој износ, втората трансакција на пари открила дека оваа мајка по продажбата на детето во шопинг потрошила околу 700 фунти на козметика.

Ју подоцна признала во полиција дека лажно прјавила изчезнување на детето за да го замаскира случајот на продажба на детето. People’s Daily Online пишува дека потоа во договор со полицијата, мајката ги контактирала луѓето на кои им го продала детето.

Двајцата мажи побарале дополнителни 10.000 јуани за да повторно се сретнат. Кога се сретнале, полицијата го спасила девојчето, а ги привела Веи и Ли.

Ју во истиот момент е приведена, а полицијата потоа го повикала нејзиниот сопруг за да го презеде девојчето.

Leave a Reply