Ја прашаа Брнабиќ зошто Србија дава вакцини во регионот, еве што рече таа

Сподели со своите пријатели

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска присуствувајќи на еден настан со делегација од Москва во Белград, доби интересно прашање, а даде уште поинтересен одговор.

Loading...

Новинар ја праша зошто донираат вакцини во регионот, кога сѐ уште не се вакцинирани сите граѓани во Србија.

– Светот би бил многу подобро место ако сите размислиме малку за другите. Горда сум што Србија е солидарна, што им помага на другите. Помагаме кога е најпотребно, ние во Србија имаме доволно вакцини да вакцинираме 850.000 лица, досега се вакцинирани околу 600 000 лица, ќе добиеме значителни количини во наредните денови, така да ние можеме да ги дадеме тие вакцини, да им помогнеме и да ги заштитиме и нашите граѓани. Нема дилема, можат да одат заедно. Ние сме солидарни и помагаме кога времињата се тешки, лесно е да се понуди помош кога не е потребна – рече Брнабиќ.

Инаку Србија на Македонија ѝ донираше вакцини, со кои се обезбеди имунизација на околу 2.000 медицински работници во ковид центрите низ државата. Со нив денеска започна процесот на вакцинација.

Во следниот период се очекува Србија да донира уште една пратка за македонските граѓани, а според најавите на македонските власти, кон крајот на месецов од кинеската компанија „Синофарм“ треба да пристигнат дополнителни 200.000 дози.

Leave a Reply