Ја поддржуваат ли кумановци ЛГБТ заедницата?

Сподели со своите пријатели

Изминатата недела и викендов актуелна тема беа правата на ЛГБТ лицата, а во сабота се одржа и првата „Парада на гордоста“ во Скопје. Тоа го искористивме како повод на нашиот Инстаграм профил да спроведеме анкета за тоа дали кумановци ја поддржуваат оваа заедница.

Loading...

Иако очекувавме поделени мислења, резултатите беа изненадувачки, и покажуваат дека кај кумановци и натаму владее хомофобијата и трансфобијата.

Само 18 отсто од оние кои се вклучиле во анкетата ја поддржуваат оваа заедница, а рекордни 82 отсто на прашањето „Дали ја поддржувате ЛГБТ заедницата?“ одговориле со „НЕ“.

Од вкупно 707 корисници на Инстаграм кои одлучиле да учествуваат во анкетата, 582 се изјасниле дека не ги поддржуваат ЛГБТ лицата, додека 125 одговориле со „ДА“.

Во меѓувреме посетете го нашиот Инстаграм профил и одговорете на денешната нова анкета.

Leave a Reply