Ја нападнал бесен рис, а таа го совладала со голи раце (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Дива мачка заразена со беснило пред неколку дена ја нападнала Диди Филипс од сојузната американска држава Џорџија. Наместо да вреска и повикува помош, оваа 46-годишна баба рекла на смртта „Не денеска“, се ‘рвала со животното и го задавила со голи раце.

Диди тој ден околу шест часот попладне излегла од домот и се упатила кон својот камионет, носејќи во рацете мобилен телефон.

– Кучето на мојот сосед зад мене лаеше како лудо и тоа ме натера да се свртам и неколку метри од мене да видам голем рис. Првата реакција ми беше да го фотографирам. Животнотно направи само два чекори и одеднаш беше врз мене. Забите го бараа моето лице, раскажала Диди за локалниот портал.

Во Египет родено дете со едно око (видео)

Loading...

Бидејќи нејзиниот свекор некогаш бил ловец на рисови, Диди нешто знаела за тие животни.

– Тие го таргетираат вратот, затоа што знаат дека ако ти ја искинат шијата, ќе умреш за неколку минути. Оваа мачка се стремеше кон моето лице, но јас ја фатив пред да направи поголема штета. Си реков на смртта „Не денес“, го соборив животното на земја и ставив раце околу нејзиниот врат. Знаев дека тоа е единствен начин да се извлечам жива од тука, рекла Диди.

За сето тоа време Диди не испуштила глас, затоа што нејзината петгодишна внука била во домот и жената не сакала детето да стане нов плен на мачката.

Кога пристигнала Итната помош, Филипс отишла во болница. Утредента дознала дека рисот бил заразен со беснило. Само досега за инекциите морала да плати околу 10.000 долари, а не изгледа дека медицинските трошоци тука ќе застанат.

https://youtu.be/52-Qi1xnac4

Leave a Reply