Ја игнорираше ќеркичката, па таа реши да му се освети (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Рускиот рапер Тимати (24) сподели видео кое предизвика многу внимание на социјалните мрежи, но и поделени мислења.

Тимати е снимен на јахта како телефонира некаде во водите на Сен Тропе, додека го набљудува неговата четиригодишна ќерка Алиса.

И додека таа неуспешно се обидува да му го привлече вниманието, а тој не се симнува од телефонот, во еден момент решава дека и е доста од се, го зграбува мобилниот телефон и го фрла преку оградата во морето, на изненадување на нејзиниот татко.

ВО ДВЕ ФОТОГРАФИИ: Какви беа децата некогаш, а какви се денес? (ФОТО)

Loading...

Видеото има неколку милиони прегледи, откако раперот го споделил со своите 12,3 милиони следбеници.

Иако на многумина оваа видео им е забавно, некои велат дека девојчето е невоспитано и дека таткото е виновен затоа што не и посветува внимание.

Од друга страна има и такви кои велат дека снимката е исценирана.

https://www.instagram.com/p/BmQX6fIjZaa/?utm_source=ig_embed

Leave a Reply