Јa чувала невиноста до 29 години, ја изгубила на гинеколошки преглед

Сподели со своите пријатели

Дваесет и деветгодишна Русинка го доби судскиот спор против гинеколошкта ординација, која и ја „извалкала чистота“.

Неименуваната жена од Новосибирск, изјавила дека ја чувала својата невиност до брак, но еден невнимателен гинеколошки преглед го променил тоа.

– Видов крв на рацете на докторката, по што почувствував како некој да ме прободил, но таа ми рече дека се е во ред – изјавила жената на суд.

После прегледот таа имала непријатно чувство, по што закажала преглед и во приватна клиника.

– Таму ги потврдија моите сомневања. Тие ми рекоа дека хименот ми е пукнат на половина – раскажува жената.

Таа вели дека е сигурна дека сите ќе го разберат нејзиниот бес.

– Плачев цела ноќ и цел ден, едноставно не можев да престанам. Како можеше тоа да ми го направи. Само Бог знае колку патев, како и мојата мајка – рекла таа.

Жртвата себеси се декларира како посветена православна христијанка која сакала да ја зачува својата девственост до првата брачна ноќ.