Бројни сајбер напади биле извршени врз болници и здравствени центри во Израел во текот на викендот, објавија денеска Националната сајбер служба и Министерството за здравство.
Loading...
– Со помош на брзата реакција на службата и персоналот на теренот, нападите беа одбиени, не беше предизвикана штета – се наведува во заедничкото соопштение, објави Тајмс оф Израел.
Сѐ уште не е познато каков кибер напад е извршен и кој може да стои зад него.
Израелските државни служби соопштија дека претходните денови, сајбер службата спроведе акции со цел „зајакнување на сајбер заштитата и откривање ранливи места“ во здравствениот сектор.