Извештајот на Европската комисија е феноменален, вели Спасовски

Сподели со своите пријатели

Извештајот на Европската комисија за земјава е феноменален, вели премиерот Оливер Спасовски, кој денеска беше во посета на Граничниот премин Табановце.

Loading...

Како што појасни, овој извештај ги потврдува напорите на Владата за спроведување на реформите.

– Ги потврдува напорите на Владата и каде што децидно стои дека Владата ги зајакнала своите напори во спроведувањето на реформите, таму се констатира се она што беше направено, дадено се најпозитивни оценки за Северна Македонија, преземени се сите мерки кои треба да бидат преземени во реформскиот процес и тоа е една добра основа час поскоро да ги започнеме преговорите за членство со Европската унија, изјави Спасовски.

Запрашан дали очекува да се започне процесот на преговори, вели дека 30 години се работи на транзиција и реформи и во период кога сите земји членки укажуваат дека е направено се што требало да биде направено, секако дека очекува да се отворат преговорите.

Никола Ивановски

Leave a Reply