ИЗВЕШТАЈ НА ЦИА: Третата светска војна може да избие до 2040та година

Сподели со своите пријатели

Во наредните децении светот ќе се соочи со глобален воен конфликт поради климатските промени, се наведува во извештајот на ЦИА кој го пренесува РИА Новости.

Loading...

„Растечките последици од климатските промени може да ја влошат ситуацијата во прекуграничните геополитички жаришта, додека државите ќе преземат чекори за заштита на нивните интереси“, се вели во документот.

Според авторите на овој документ, во светот најдоцна до 2040 година ќе започнат „климатски конфликти“ во кои страните ќе користат геоинженерски технологии, што ќе го засили негативното влијание на природните катастрофи како суши и поплави.

Експертите предупредија и на растечките тензии меѓу државите поради споровите околу спроведувањето на Парискиот климатски договор, што подразбира намалување на емисиите на стакленички гасови со цел да се спречи глобалното затоплување.

– Земјите ќе се соочат со тешки економски избори и веројатно ќе се потпрат на технолошки откритија за брзо намалување на емисиите на стакленички гасови. Кина и Индија ќе играат клучна улога во одредувањето на патот на порастот на температурата – се наведува во документот.

Дополнително, авторите на извештајот го наведуваат ризикот од внатрешни конфликти во земјите во развој поради ефектите од климатските промени, бидејќи тие земји се помалку способни да се прилагодат.

Потенцијалните идни жаришта во климатската војна вклучуваат региони како што се сливовите на реките Конго, Инд, Меконг и Нил. Таму може да настанат конфликти поради промени во речните канали и пренасочување на водните текови.

Во извештајот се наведени 11 земји кои се најпогодени од негативните ефекти на глобалните климатски промени.

Loading...

Според аналитичарите, овие земји можат да преземат екстремни мерки заради опстанок.

Станува збор за земји кои поседуваат нуклеарно оружје, како Кина, Индија и Пакистан, но и Авганистан, Северна Кореја, Мјанмар и голем број земји во Централна и Јужна Америка.