Изум кој со децении се очекуваше: Научниците направија цигари без никотин

Сподели со своите пријатели

Германскиот технолошки универзитет ТУ од Дортмунд, објави дека научниците генетски ги модифицираат цигарите „Вирџинија“, така што ја намалија концентрацијата на никотин.

Loading...

Овој изум може да помогне за да се намали зависноста од пушење.

Светската здравствена огранизација повикува да зачестат истражувања од овој тип, затоа што никотинот е главната причина зошто луѓето се зависни од пушењето.

Една цигара содржи 4.800 други хемиски материи, од кои 70% се канцерогени.

„Наместо 16 милиграми, во новите цигари еден грам содржи само 0,04 милиграми никотин, изјави Феликс Стеле за нивниот изум.

Во студијата, објавена во списанието Plant Biotechnology Journal, тој додаде дека никој во светот досега не успеал до таа мера да го намали никотинот.

Leave a Reply