Израелските сили убиле Палестинец за време на рација на Западниот Брег

Сподели со своите пријатели

Израелските сили утрово убија Палестинец за време на рација на Западниот Брег, објавија палестинските власти.

Loading...

Како што изјавија палестинските медицински работници, за време на израелскиот напад во раните утрински часови во близина на градот Витлеем, дошло до судири и еден Палестинец бил убиен.

Палестинските власти соопштија дека се уапсени уште неколку лица.

Израелската армија во соопштение соопшти дека го проверува извештајот, пренесе Ројтерс.

Инцидентот уследи по неколкумесечните тензии кои се продлабочија откако израелските сили почнаа со репресии на Западниот Брег во март, како одговор на серијата напади на Палестинците во Израел, наведува британската агенција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Саудиска Арабија реагираше на неуспешното усвојување на резолуцијата за прием на Палестина во ОН