Израелските сили убија Палестинец на Западниот Брег

Сподели со своите пријатели

Еден Палестинец загина во оган на израелската војска на окупираниот Западен Брег, соопшти Министерството за здравство, пренесува Анадолија.

Loading...

Во соопштението на Министерството се наведува дека Ала Насер (21) бил застрелан во главата во градот Деир ал Хатаб, источно од Наблус.

Очевидци изјавија дека израелските сили извршиле рација во градот и опколиле куќа, што предизвикало судири со локалните жители при што израелските војници употребиле боева муниција и солзавец.

Двајца новинари се повредени

Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека две лица се повредени.

Палестинската државна телевизија објави дека се повредени и двајца нивни известувачи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила!

Израелската армија не ги коментира овие извештаи.

Според палестинските податоци, повеќе од 140 Палестинци се убиени, а стотици се ранети во оган од израелската армија од почетокот на оваа година.