Израелците развивиле дрон што може да носи митралези и снајперски пушки

Сподели со своите пријатели

Новото израелско оружје за беспилотни летала е исклучително лесно и користи уникатен концепт за стабилизација, кој му овозможува прецизно да погодува цели без оглед на брзината на дронот

Loading...

Израелскиот производител на оружје разви роботско оружје кое користи митралези и снајперски пушки за соборување статични и подвижни цели за време на летот.

SMASH Dragon, дизајниран од израелската компанија Smart Shooter, може да се монтира на различни форми на беспилотни воздушни платформи, како што се беспилотни летала, и може да погоди цели додека лебди над нив.

На системот може да се монтира јуришна или снајперска пушка, кој операторот го контролира од далечина од земја.

Оружјето е исклучително лесно и користи уникатен концепт за стабилизација, што му овозможува прецизно да погодува цели без разлика на брзината на дронот, се вели во соопштението на компанијата.

Системот има софистицирани способности за компјутерска визија и може да работи дење и ноќе.

SMASH Dragon ги заврши успешните тестови за гаѓање и е во напредна фаза на развој, но сè уште не е оперативен, соопшти Smart Shooter.

Системот ќе користи технологија Smash 2000 од истата компанија, која користи вградени алгоритми за таргетирање за прецизно следење и погодување цели. Технологијата беше искористена за соборување на беспилотни летала на Хамас и запаливи балони лансирани од Појасот Газа, пишува Jerusalem Post.

Loading...

Технологијата Smart Shooter SMASH нуди прецизно елиминирање на заканите на копно, во воздух и на море, рече извршниот директор на Smart Shooter, Михал Мор.

Среќни сме што можеме да ја понудиме истата прецизна, борбено докажана технологија за гаѓање цели, поставена на далечинско контролирана беспилотна воздушна платформа, додаде Мор.

Тој, исто така, истакна дека од клучно значење е системот да се одржува лесен бидејќи тежината влијае на издржливоста и цената на мисијата кога станува збор за беспилотни летала.