Израел започна со вакцинација на деца од 5 до 11 години

Сподели со своите пријатели

Израел денеска официјално почна да ги вакцинира децата на возраст од пет до 11 години против коронавирус.

Loading...

Земјата неодамна излезе од четвртиот бран на епидемијата на Ковид-19, а бројот на нови инфекции е релативно мал во изминатите неколку недели.

Податоците на локалното Министерство за здравство, пак, покажуваат дека меѓу новозаразените има многу деца и тинејџери.

Децата на возраст меѓу пет и 11 години сочинуваат речиси половина од активните случаи, а властите се надеваат дека новата кампања за имунизација ќе помогне да се намалат и можеби да се спречи нов бран.

Израелските медиуми јавуваат дека на првиот ден од вакцинацијата имало малку барања за примање детски дози.

Вчера беа имунизирани некои деца, бидејќи пред неколку дена им пристигнаа милион дози од вакцината „Фајзер/Бионтек“, пренесува Бета.

Подоцна денеска, израелскиот премиер Нафтали Бенет се очекува да го донесе својот деветгодишен син Дејвид да се вакцинира во обид да ги охрабри другите родители да го следат неговиот пример.

Во Израел, со над девет милиони жители, повеќе од 1,3 милиони луѓе се заразени од почетокот на пандемијата, а повеќе од 8.100 починале.

Loading...