Израел размислува за снабдување на Украина со одбранбениот систем „Железна купола“

Сподели со своите пријатели

Израел ја истражува можноста за снабдување на Украина со својот најсовремен противракетен одбранбен систем „Железна купола“, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пренесува Анадолија.

Loading...

„Прашањето за снабдување со оружје беше разгледано и отфрлено од претходната израелска влада. Ќе го проучам ова прашање и ќе одговорам на најсоодветен начин“, изјави Нетанјаху во интервју за францускиот канал LCI.

Израел обезбеди хуманитарна помош за Украина

Сепак, тој рече дека Израел мора да ги разгледа своите опции и да ги земе предвид своите интереси во регионот.

„Израелскиот придонес веројатно ќе биде во други области“, додаде Нетанјаху.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел планирал многу поголем напад врз Иран, зошто се откажал?

Израелскиот премиер потсети дека Израел и обезбедил хуманитарна помош на Украина и прифатил голем број украински бегалци.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.