Израел повторно нападна: Цел – палестински групи во појасот Газа (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Израел зврши воздушни напади врз позициите на радикалните групи во појасот Газа, објави синоќа радиото Савт ал-Акса.

Loading...

Според изворите на радиостаницата, пукано е во позициите на групите поврзани со единиците на палестинскиот отпор во близина на градовите Кан Јунис и Газа, а засега нема информации за жртвите или штети.

Палестинските групи возвратија на израелските авиони, додаде Савт ал Акса.

 

Инцидент се случи претходно во неделата, кога запаливи балони, подигнати од Појасот Газа, предизвикаа најмалку три пожари во јужен Израел, јавија израелските медиуми.

Фотографиите и видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат како активисти на Хамас пуштаат балони, а на еден од нив пишува: „Времето истекува“, објави АП.

Асошиејтед Прес веднаш оцени дека поради новите случаи на испраќање на запаливи балони, можноста за повторни ракетни напади од Израел врз Хамас е зголемена.

Loading...

Израелски авиони ја нападнаа Газа на 3 јули и 18 јуни, кога беа насочени кон камповите за обука на Хамас.

 

Примирјето меѓу Израел и палестинскиот Хамас стапи на сила на 21 мај, по 11 дена вооружен судир.

Медиумите додаваат дека во текот на тие 11 дена во Газа биле убиени 257 лица и околу 2.000 ранети, додека во Израел биле убиени само 13 лица.

Leave a Reply