Израел понуди помош по силниот земјотрес во Турција и Сирија

Сподели со своите пријатели

Израел денеска објави дека е подготвен да ѝ помогне на Турција по силниот земјотрес што го погоди централниот дел на земјата, како и северозападниот дел на Сирија.

Loading...

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант рече дека неговите безбедносни сили се подготвени да помогнат.

Министерот за надворешни работи Ели Коен рече дека веќе се подготвува пакет помош.

Според последните податоци, повеќе од 300 луѓе загинале во Сирија и Турција, а неколку стотици се повредени, јавува Би-би-си. Спасувачките служби се обидуваат да стигнат до преживеаните под урнатините на стотици згради и куќи во двете земји.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел го нападна Иран?