Израел нема да ги признае референдумите во Украина

Сподели со своите пријатели

Израел најави дека нема да ги признае резултатите од „референдумот за анексија“, организиран во четири региони на Украина кои се под целосна или делумна контрола на Русија.

Loading...

„Израел го признава суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и не ги признава резултатите од референдумот во источните региони на Украина“, се наведува во синоќешното соопштение на израелското Министерство за надворешни работи.

По инвазијата на Украина во февруари, Израел зазеде претпазлив став, тврдејќи дека има посебни врски со двете земји и се воздржува од снабдување на Украина со оружје.

Меѓутоа, еврејската држава испрати одбранбена опрема во Украина, вклучувајќи шлемови и панцири, пренесува Бета.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Западот го гледа поразот на Украина, но не знае што понатаму“

Во неделата, амбасадорот во Киев изјави дека Израел ќе добие третман за 20 украински војници ранети во седуммесечниот конфликт со руските сили.

„Израел има големо искуство во рехабилитација на ранети и на оние на кои им се ампутирани екстремитети. Имаме исклучителни медицински тимови и болниците ги отворија вратите и срцата за ранетите кои доаѓаат од Украина“, изјави синоќа израелскиот премиер Јаир Лапид.

„Израел ќе продолжи да им помага на Украина и нејзините граѓани“, рече Лапид.

Израелските медиуми коментираат дека отфрлањето на резултатите од гласањето дополнително ќе ја зголеми тензијата во односите со Москва.

Loading...

Израел, до сега, имаше тенденција да одржува блиски односи и покрај инвазијата на Украина, поради руската контрола на сирискиот воздушен простор и поради големата руска еврејска заедница.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Песков: Русија ги повикува земјите од Блискиот Исток на воздржаност

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.