Израел ќе издвои три милијарди долари за борба против ковид

Сподели со своите пријатели

Израелскиот премиер Нафтали Бенет најави дека земјата ќе одвои три милијарди долари за борба против следните бранови Ковид во земјата.

Loading...

„Воспоставуваме економска и медицинска безбедност со 10 милијарди шекели (три милијарди долари) за идните бранови на корона вирусот“, рече Бенет, пренесе „Харец“.

Тој додаде дека Израел излегува од бранот предизвикан од видот делта, повикувајќи се на податоци од Министерството за здравство, кои укажуваат дека пандемијата во Израел се намалува.

Израел вчера регистрираше 324 случаи, од кои 65 отсто се невакцинирани.

Бенет исто така додаде дека Израел не треба да очекува укинување на зелената пропусница, која дозволува влез на јавни места, бидејќи таа „ги чува граѓаните безбедни и дозволува земјата да биде отворена“.