Израел испрати уште 100 војници на Западниот Брег по убиството на двајца доселеници

Сподели со своите пријатели

Израел денеска испрати уште 100 војници на окупираниот Западен Брег, еден ден откако палестински напаѓач уби двајца израелски доселеници во градот Хавара во областа, кои претходно запалиле куќи и возила во градот.

Loading...

АП пренесува дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху апелираше на смиреност, додека член на неговата владејачка коалиција го пофали дивеењето на доселениците како начин да се одвратат палестинските напади.

Настаните во неделата започнаа кога палестински напаѓач ги застрела и ги уби браќата Хилел и Јагел Јанив, на возраст од 21 и 19 години, од еврејската населба Хар Брах, во заседа во палестинскиот град Хавара на северниот дел на Западниот Брег, пред да побегне.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хезболах истрела неколку десетици ракети кон Израел

По престрелката, групи доселеници дивееле по главната сообраќајница на Хавара, која ја користат и Палестинците и израелските доселеници.

Палестински државни претставници доцна синоќа соопштија дека 37-годишен Палестинец бил убиен од израелските сили, двајца Палестинци биле ранети, а еден бил претепан со железна прачка.