Израел го поздрави ветото на САД

Сподели со своите пријатели

Откако САД вечерва ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност во ОН со која се повикува отфрлање на одлуката на претседателот Доналд Трамп за признавање на Ерусалим за престолнина на Израел, тамошните власти се заблагодарија на Американците, додека Палестинците најавуваат повик за итен состанот на Генералното собраниет на ОН.

Израелскиот премиер Бенџамин Нетанијаху, преку видео снимка објавена на социјалните мрежи, рече дека американската амбасадорка во ОН Ники Хејли ја запалила свеќата на вистината и ги запалила лагите, споредувајќи ја со Макавејците, еврејските војници, пренесува АП.

САД ставија вето на резолуцијата на ОН за Ерусалим

Loading...

Истовремено, палекстинскиот министер за надворешни работи Ријан ал-Малики најави дека Палестинците во рок од 48 часа треба да побараат итен состанот на Генералното собрание на ООН, јавува Ројтерс.

Во меѓувреме, палестинскиот претседател Махмуд Абас рекол дека повеќе нема да ги прифаќа САД како посредник на Блискиот исток.

Соединетите Американски Држави ставија вето во Советот за безбедност на Обединетите нации на резолуцијата со која се повикува на повлекување на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп, Ерусалим да го признае за престолнина на Израел, додека преостанатите 14 членки на Советот гласале „за“ нацртот на резолуцијата.

Со овој потег САД повеќе се изолираат кога станува збор за одлуката на Трамп донесена претходно месецов, оценува Ројтерс.

Во тесктот на резолуцијата во кој Советот за безбедност на ООН вечерва гласаше, а кој го подготви Египет, се изразува длабока жал поради неодамнешните одлуки во врска со статусот на Ерусалим, иако не се споменуваат ниту САД ниту Трамп, наведува британската агенција.

Во нацртот се истакнува дека било каква одлука или акција за измена на карактерот, статусот или демографскиот состав на Светиот град Ерусалим нема правен ефект, ништовна е и неважечка, па мора да се отфрли во рамките со релевантните резолуции на Советот за безбедноста.