Изненадувачки резултати од истражувањето: Во овие години луѓето се најсреќни

Сподели со своите пријатели

Младоста е многу посакувана во нашето општество, а производите и третманите против стареење кои се појавуваат од сите страни се само некои примери на нашата опсесија да бидеме помлади.

Loading...

Сепак, се покажа дека повеќето луѓе не се сеќаваат на тинејџерските или дваесеттите години како годините во кои ги поминале најсреќните денови од својот живот.

 

 

Неодамна била објавена студија во која учествувале луѓе постари од 50 години од 13 европски земји. Биле испрашувани за нивните животи со посебен акцент на возраста во која се чувствувале најсреќни.

Податоците покажале дека нивото на среќа растело од детството, но периодот од 30 до 34 години бил возраст на најголема среќа за повеќето луѓе.

Оттогаш, веројатноста за среќа се намалува, иако линијата е поостра кај жените отколку кај мажите, се наведува во студијата.

Loading...