Изминатата недела 24 случаи регистрирани во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатата недела (07.06 – 13.06) бројот на нови случаи во Куманово е 24, а активните случаи во Куманово се намалени и нивниот број изнесува само 52 заклучно вчерашната статистика на Министерството за здравство.

Loading...

Вкупно 24 нови случаи позитивни на коронавирус се регистрирани во Куманово (заедно со Липково) во текот на изминатата недела.

 

 

Во изминатата недела битката со вирусот ја загубија три лица.

Најмногу нови случаи за еден ден се регистрирани во среда, вкупно девет лица.

Досега оздравени во Куманово се вкупно 8.462 од лицата кои биле позитивни на вирусот.

Loading...

 

 

Вкупно 352 пациенти од Куманово починале од почетокот на епидемијата како резултат на компликации со вирусот.

Од почетокот на пандемијата во Куманово се регистрирани вкупно 8.867 случаи позитивни на коронавирусот со што е на второто место во државата според бројот на заразени, веднаш по Скопје со 68.604 случаи.

Од вкупната бројка на заразени, во овој момент активни се 437 случаи во целата држава. Пред Куманово во однос на активни случаи е само Скопје.

 

Loading...

 

На ниво на државата од почетокот на епидемијата се регистрирани 155.536 случаи, од кои во моментот се активни 437. Излекувани се 149.628, а починати 5.471 пациенти. Стапката на излекувани изнесува 96,2%, а на смртните случаи 3,52%.

Никола Ивановски

Извор: Министерство за здравство и gdi-sk

Leave a Reply