Со најновите измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата кои стапуваат во сила денеска, се предвидуваат многу новини усогласени со Законот за прекршоци и европската регулатива.
Измените предвидуваат казна од 400 евра ако во населените места се вози 50 километри на час повеќе од дозволената брзина со забрана за управување со возилото од шест до 12 месеци. Ако се вози од 30 до 50 километри на час побрзо, казната е 300 евра или 50 негативни поени со забрана за управување со возилото три до 12 месеци. Во двата слуачаја паричните казни може да се заменат со впишување негативни поени, во првиот 65, а во вториот 50.
Доколку пак се вози 10 до 30 километри на час побрзо од дозволеното, казната е 45 евра или 25 негативни поени, а за до 10 километри на час побрзо, казната е 10 евра или 10 негативни поени. Во овие два случаја не е предвидена прекршочна санкција, односно забрана за управување со возилото.