Изменет сообраќај на автопатот Куманово – Табановце

Сподели со своите пријатели

Компанијата „Виадукт Трејд“од денеска до 17.04.2019 година, ќе изведува градежни активности при поставување на индуктивни јамки на Автопат А1, делница Куманово – Граничен премин Табановце (Клучка Бумеранг) за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Loading...

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Aвтопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот, велат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Leave a Reply