Изложбено – музички хепенинг во Уметничка галерија во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во просториите на Уметничка Галерија – Куманово, на 4 март со почеток во 19 часот ќе биде отворена изложба насловена како “Уметноста дарува”, на која ќе бидат изложени дела на студенти од Факулетот за ликовни уметности.

Во просториите на галеријата ќе бидат поставени кутии за донации.

Парите соберени од кутиите и продадените слики ќе бидат донирани на Здружението на лица со интелектуална попреченост  ,,Порака наша” , како и нивни лични изработки со продажен карактер.

Во текот на изложбата, посетителите ќе може да уживаат во звуците на кумановските рок бендови Overload и Profondo Rosso.