Изложбата „Самоуки 2021“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово во четврток со почеток во 19 часот ќе биде претставено најновото издание на традиционалната ликовна манифестација „Самоуки 2021“.

Loading...

 

 

– На отворениот конкурс којшто беше објавен во почетокот на месец мај се пријавија дваесеттина автори со повеќе свои творби но стручната комисисија при Центарот за учество селектираше 18 автори коишто ќе бидат претставени со четириесеттина дела – слики, цртежи и скулптури, информираат од кумановскиот Центар за култура.

 

 

Loading...

Иницијативата за организирано претставување на неакадемски ликовни автори се јави при крајот на деведесеттите  а во Центарот прва изложба од овој вид е реализирана уште во далечната 1991 година.

Интересот за учество на оваа изложба е голем бидејќи претставува можност за презентирање на неакадемските уметници пред пошироката публика којашто редовно е присутна  на оваа манифестација во Изложбениот салон бидејќи се работи за творештво продуцирано од самите граѓани на општината.

 

 

Изложбата ќе биде поставена до 24.06.2021.

Никола Ивановски

Leave a Reply